Очигледно дека оброците во доцните часови и не се толку многу лоши, секако доколку знаете да ги изберете точните намирници. Научниците велат дека намирниците може да ви помогнат да ослабнете додека ги јадете доцна навечер, затоа што тие тогаш ги топат килограмите.
Експерти од Универзитетот на Флорида тврдат дека 30 грама протеини 30 минути пред спиење имаат и тоа како добар ефект за линијата.
Меѓу првите намирници кои ги навеле е германското сирење. Тоа е богато со протеини и калциум кои се особено важни за повозрасните луѓе. Сепак тие спомнуваат дека не треба да купувате нискомасно сирење, затоа што млечната маст ги зајакнува крвните садови и срцето и помага да ги изгубите масните наслаги.
Второто место на листата на “добри намирници“ го земаат јаткастите плодови, поточно бадемите и лешниците. Точно е дека се многу калорични, но не треба да изедете полна чинија туку најмногу една дланка. Докторите советуваат дека треба да грицкате јаткасти плодови доколку сакате да ја одржите вашата витка фигура. Иако сите јаткасти плодови се полни со протеини, сепак нутриционистите преферираат бадеми и лешници затоа што се богати со витамин Е, магнезиум на кои срцето ќе ви биде благодарно.
На третото место е моцарелата. Во 100 грама моцарела се наоѓаат шест грама протеини, 1 грам јаглени хидрати, витамин Д, а само 100 калории.
Четвртото место му припадна на јајцата. Иако важат за едни од повеќекалоричните намирници, научниците од Флорида тврдат дека тие се одлични кога се јадат пред спиење. Содржат многу протеини, витамин Д и други важни нутриенти.
Сирењето тофу се наоѓа на петтото место на препорачаните намирници од “ноќното мени“. Содржи доволно протеини за да ја задоволи гладта, а не е многу калорично.