Прво светот го запозна фитнес моделот Џен Селтер, а потоа ја забележаа нејзината презгодна мајка, па сега добија можност да ја запознаат и бабата. На чудењето му нема крај. Џен која има 12.3 милиони следбеници, вели дека нејзината баба е нејзина најдобра пријателка и дека би сакала и таа на тие години да изгледа толку добро. Кој не би?
View this post on Instagram
My granddaughters just got back from business. Love spending time with them xoxo
Бабата на Инстаграм ја следат 12.000 луѓе и се претставува како баба Селтер. Нејзиното име е Луис и изгледа буквално неверојатно. Со оглед на тоа дека Џен е во 20 години, нејзината мајка има 49, а баба ѝ во најмала рака е во седмата деценија.
Погледнете само каков стил има. Луис ги воодушеви следбениците на нејзината внука:
“Баба ти е кралица, многу сте слични”, “Ајде да зборуваме за добрите гени”, “Преубави сте”.
Но, Луис е многу многу повеќе од овие коментари. Толку лесно и брзо може да Ве излаже со изгледот, така што на одредени снимки и фотографии на Инстаграм воопшто не изгледа како баба.