Ова е убавицата поради која Швајнштајгер ја одбил Ана Ивановиќ: „Не благодарам, среќно сум заљубен“

Ана и Бастијан се во брак пет години и ги имаат синовите Лука и Леон.
Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ уживаат во својот складен брак. Но, судбината можела да биде поразлична доколку Бастијан останел доследен на својот став кога ја запознал убавата Ана и кога тогаш ѝ рекол дека е во среќна врска.
Сепак, набрзо работите се смениле, па Бастијан се предомислил.
Сара Брандер со која германскиот фудбалер бил во врска седум години станала поранешна девојка.
Сара и Бастијан биле еден од омилените парови во германската јавност. Живееле заедно во Минхен, често се појавувале заедно на јавни настани, на прославите на фудбалскиот клуб Баерн Минхен, а папарацо фотографите ги следеле насекаде.


„Не, благодарам, јас сум среќно заљубен“, наводно биле зборовите на Швајнштајгер упатени кон Ана кога се запознале.
Сепак, набрзо таа заљубеност исчезнала, па Швајни својот 30-ти роденден го прославил без Сара, а медиумите веќе почнале да пишуваат дека тие раскинале.
Тоа дефинитивно станало јасно кога Ана и Бастијан биле уловени од страна на папарацо фотографите како шетаат по улиците на Њујорк држејќи се за рака.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.