Играчките можат да бидат забавен додаток на играта на базен, во езеро или море, но може да ги изложат на ризик децата, предупредуваат инструкторите по пливање од училиштето Акваблис.
„Играчките на надувување може да бидат опасни ако се остават во базенот. Децата можат да се обидат да ги дофатат од работ на базенот и да паднат во водата“, изјавиле тие за The Sun и ги повикале родителите да ги држат сите играчки подалеку од водата и да проверат дали тие се соодветни за тежината и возраста на детето.
-Давењето е една од најчестите причини за смрт кај населението на возраст од една до 24 години, а петгодишните се најзагрозена група, покажуваат податоците на Светската здравствена организација.