Овие намирници го намалуваат апетитот – потребно е да ги јадете меѓу оброците

За да ја намалите потребата да јадете, помеѓу оброците многу е важно да консумирате намирници кои што ќе го намалат вашиот апетит.
Ви советуваме кога сте гладни да ги јадете следните намирници, затоа што токму тие ќе го намалат вашиот апетит. Некои од овие намирници многу ги сакаме, па веројатно дека нема да биде проблем истите да ги консумирате.
Јаболко
Јаболката се полни со растителни влакна, го регулираат нивото на шеќер и ја зголемуваат енегијата на вашиот организам. Исто така тие ќе го намалат вашиот апетит, а покрај тоа тие се многу здрави.
Темно чоколадо


Само темното чоколадо помага во намалувањето на гладот, тоа е еден од најбогатите извори на антиоксиданси и влијае на нивото на холестерол.
Грицки
Грицките како што се бадеми, ф’стаци или пак лешници… Тие помагаат во забрзувањето на метаболизмот и го намалуваат нивото на холестерол. Исто така се голем извор на минерали, протеини и витамини.
Вода
Покрај тоа што водата е многу здрава, таа исто така може да ви го намали апетитот доколку често ја пиетe.
Салата
Да се јаде зеленчук секој ден е многу здраво, и одличен избор да го држите гладот во контрола. Зеленчукот содржи минерали, витамини и секако го намалува апетитот и ја одржува вашата телесна тежина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.