Овошје кое спречува многу болести: Една шака ги содржи сите неопходни витамини и минерали

Црвената рибизла содржи протеини, јаболкова, цитрична и тартарична и гама-линолна киселина. Богата е со калциум и фосфор, а изобилува и со витамини од групата Б (Б1, Б2, Б3 и Б6), како и Ц, А и К. Освен тоа, ова овошје е одличен извор на антиоксиданси и минерали кои го подобруваат квалитетот на кожата и косата.
Редовното консумирање на рибизли поволно влијае кај лицата кои патат од анемија, поради големата количина на железо кое ја содржат.
Витаминот Ц кој има антихистамински својства го намалува делувањето на алергените, штити од бактерии и вируси и ги олеснува тегобите на астма. Исто така, рибизлата содржи и калиум кој е важен за здравјето на срцето и квалитетната работа на целиот организам. Делува превентивно кај хипертензијата, може да го намали крвниот притисок и ризикот од мозочен удар.
Содржи и значајна количина на витаминот К кој ефикасно делува против згрутчување на крвта, а овој витамин е задолжен и за одржување на здравјето на коските бидејќи го регулира калциумот, па се препорачува и кај остеопороза.
Без разлика дали се консумираат свежи бобинки или во облик на сок, рибизлата има одлично лаксативно дејство. Со оглед на содржината на влакна, редовната консумација ја поттикнува работата на цревата и желудникот и на природен начин ја забрзува дигестијата.
И семките во внатрешноста на плодот се многу корисни за организмот – тие содржат гама-линолна киселина која поволно делува на високиот крвен притисок, болките и воспаленијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.