Физичката неактивност, лошите навики како што се мрсната храна, алкохолот и цигарите, многу му штетат на срцето. Затоа, се чини дека не е секогаш лесно да се грижиш за него. Сепак, како и во повеќето случаи кога станува збор за здравјето, некои мали навики можат значително да ја подобрат ситуацијата и да го намалат ризикот од срцев удар.
- Нормализиран сообраќајот на патниот правец Прилеп – Македонски Брод преку планинскиот превој Барбарос
- Трамп го започнува својот нов мандат со војна? Тој бара оваа земја да ја предаде својата територија на Америка
- ДЕДО МРАЗ ПРИСТИГНУВА ВО СКОПЈЕ СО ВОЗ: Одведете ги децата, ќе има спектакл!
- Русите отвораат нов фронт?! Илјадници војници се подготвени да ги преминат замрзнатите мочуришта, но една работа не им оди – што се случува во Украина!?
- Експлозија пред куќа во Прилеп, нема повредени
„Едно јајце му дава сила на телото“, е позната поговорка, но се испостави дека е подобро да се изеде грст јаткасти плодови за појадок. Замената на јајцето со 25 до 28 грама јаткасти плодови може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести за 17 отсто, вклучувајќи го и ризикот од срцев удар, заклучија истражувачите.
Научниот преглед, објавен во списанието BMC Medicine, покажа дека нема корист од замена на рибите и морските плодови со опции од растително потекло и дека нема докази дека замената на млечните производи може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести. Замената на јајцата со јаткасти плодови или цели зрна, сепак, резултираше со помал ризик од развој на дијабетес тип 2.
Луѓето кои замениле 50 грама преработено месо со иста количина мешунки, како што е леќата, имале 23 отсто помал ризик од развој или смрт од кардиоваскуларни болести. Ризикот им бил за 27 отсто помал доколку јаделе од 28 до 50 грама јаткасти плодови наместо преработено месо.
Дополнително, заменувањето на преработеното месо, јајцата, сирењето, путерот или јогуртот со авокадо е поврзано со помал ризик од кардиоваскуларни болести. Сепак, авторите предупредуваат дека податоците се базираат на резултатите од само една студија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.