Ограбена славната пејачка: На Бијонсе и се украдени предмети вредни милион долари

Loading...

Американската пејачка и актерка Бијонсе дури двапати беше мета на разбојници овој месец, кои упаднаа во магацин каде ги чува своите скапоцености. Три магацини во Лос Анџелес, кои пејаката ги изнајмила, овој месец беа провалени двапати, што резултираше со кражба на предмети вредни над милион долари, според „ТМЗ“.
Од полицискиот оддел во Лос Анџелес за новинарите изјавија дека крадците избегале со скапоцености што најмногу им припаѓаат на добитниците на Греми, вклучувајќи многу скапи чанти, чевли и фустани. Тие зедоа и детски играчки и фотографии на еден нејзин стилист. Меѓу предметите е и славниот фустан инкрустиран со дијаманти, кој Бијонсе го носеше на Греми наградите. Досега немаше апсења за овој случај, а полицијата сè уште истражува кој е вмешан.

loading...