Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 0,50 денари по литар, а цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика со одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт.
Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 77,50 денари за литар.
За 0,50 денари поскапува Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и еден литар ќе чини 77,50 денари.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,871 денари и килограм ќе се продава за 44,302 денари.