Со српски и грчки знамиња на најсветото македонско место, Кајмакчалан, пред некој ден беше одбележана 109-годишнината од битката што во историјата остана како почеток на српската окупација на Македонија. Наместо македонски обележја, таму се вееше знамето на туѓи армии, а македонскиот народ повторно беше избришан од сопствената историја.
Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, придружуван од високи воени претставници, со почести и венци се поклони пред спомен-костурницата на српските војници. Во своето обраќање, Гашиќ изјави дека „Кајмакчалан е местото каде слободата на српската татковина е платена со крв”. Овие зборови одекнаа како нож во срцето на Македонците како признание дека нашата земја била поприште за туѓи соништа и туѓа „слобода”, а за нас само ново ропство.
На церемонијата присуствуваше и српската министерка за труд и социјална политика, Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски, која без трошка воздржаност изјави дека „српските војници на Кајмакчалан со своите гради ја заштитиле својата татковина”.
Најтажно е што можеби македонските граѓани имаат одвоено 10.000 евра за на Кајмакчалан да се веат српски и грчки знамиња.

Дали со наши пари се плати веење на српски и грчки знамиња останувва да одговорат од Владата.



