Од рекордниот топлотен бран во Холандија безмалку 400 смртни случаи

Loading...

Речиси 400 луѓе повеќе во однос на просечниот број смртни случаи починале во Холандија за време на неодамнешниот рекорден топлотен бран, соопшти денес холандската статистичка агенција ЦБС, а објави МИА. Повеќето смртни случаи биле во источна Холандија, каде температурите беа повисоки и топлотниот бран траеше подолго отколку во другите делови на земјата.
Во текот на третата седмица од јули, односно од 22 до 29 јули, во Холандија починале 2.964 лица, што е за околу 15 отсто повеќе смртни случаи за време на просечна летна недела. Бројот на починати во Холандија за време на таа седмица може да се спореди само со стапката на смртност за време на топлотните бранови во 2006 година, кои беа најдолги во таа земја.

 

loading...