ОМИЛЕНИТЕ БОЛОЊЕЗЕ ШПАГЕТИ! Вкусот на Италија во вашиот ДОМ!

Болоњезе тестенините се омилено јадење на многу луѓе, бидејќи освојуваат на првиот залак. Италијанската кујна е надалеку позната, бидејќи е тешко да се остане рамнодушен на највкусните тестенини

Состојки:
две главици кромид
1 лажица маслиново масло
1 чешне лук
500 гр мелено месо
90 гр сечкани печурки
оригано или мешан зачин
400 мл сос од домати
1 лажица домати
сол, бибер
пакување шпагети од 300 гр

ОМИЛЕНИТЕ БОЛОЊЕЗЕ ШПАГЕТИ! Вкусот на Италија во вашиот ДОМ!

Подготовка:
Во голема тава се ставаат исецканиот кромид и маслото и се пржат на прилично силен оган 3-4 минути. Додадете го лукот и пржете додека состојките не поруменат. Додадете ги печурките и зачините и пржете уште неколку минути.
Додадете ги сосот од домати, меленото месо, кечапот или доматното пире и зачините. Почекајте да зоврие, па намалете ја топлината. Покријте и проверете, повремено мешајќи во наредните половина час.
Во меѓувреме, сварете ги шпагетите во големо тенџере со зовриена, солена вода. Добро исцедете, исплакнете со топла вода, вратете ги во тенџерето и додадете една лажичка маслиново масло. Потоа додадете го сосот што сте го направиле претходно. Послужете во топли чинии и посипете со пармезан.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.