Омлет со спанаќ и сирење

Потребни состојки за две лица:
-4 јајца
-40 г сирење
-100 г спанаќ
-1 лажица зачин
-20 г путер
-сол, бибер
Начин на подготовка:
Исчистете го спанаќот, добро измијте го и две минути потопете го во врела вода. Добро исцедете и ситно исецкајте го.
Изматете ги јајцата, додадете зачини, па спанаќот и изгмеченото сирење. Од подготвената смеса може да направите два омлета на загреано тавче со путер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.