Онколозите открива што никогаш не се наоѓа на нивната трпеза, а токму тие намирници ги избегнуваат за да не треба да се соочуваат со воспалителни процеси, здравствени проблеми, како и проблеми со телесната тежина.
Белиот леб и преработените производи од месо вообичаено се преполни со адитиви и не се добра опција. Исто така брзата храна е забранета, доколку сакате вашето здравје да биде на високо ниво, согласни се докторите.
Онколог од Денвер, д-р Роберт ла Порте, вели дека не јаде многу преработено месо и избегнува тестенини, додека пак колачите ги јаде ретко поради тоа што се полни со шеќери.
„Клучот за правилна исхрана е да се избегнува секојдневното искушение“, вели професорот Марк Морис од Лос Анџелес.
Исфрлање на масните и слатки грицки исто така е клучно.
Грицките се полни со лоши масти, шеќери, но и адитиви, а сите тие заедно влијаат лошо на сечиј организам.
Доколку имате напади на глад, тогаш направете го тоа што го прави тој – изедете малку туна. Таа е полна со витамини и минерали, а ќе ве засити брзо.
„Внесувањето на црвено месо треба да го намалите, додека пак прженото месо е целосно забрането. Тоа нималку не е здраво“, вели д-р Чарлс Кас.
Кои намирници се наоѓаат на листата на посакувани? Еве што препорачува онколозите:
„Внимавам на внес на протеини и растителни влакна, па се трудам секој ден да изедам по 5 овошја или пак некој зеленчук, верувам дека свежите намирници се одличен начин за превенција од разни болести“, вели д-р Џордан.
Онколозите исто така препорачуваат и зголемен внес на риба поради што таа содржи омега 3 масни киселини кои докажано се добри за срцето, цревата и крвните садови.
Д-р Мајк додава и дека добро е да се јаде и многу јаткасти плодови, поради тоа што содржат растителни влакна, омега 3 масни киселини и добри маснотии, а добар извор се и на железо.