3 листови марула
3 листови бела зелка
1 јаболко
1 рака сецкани печени и солени бадеми
1/2 лимон-сокот
маслиново масло и сол
Необична, лесна и освежителна салата.
Марулата ја миеме и ситно ја сецкаме. Истото го правиме и со зелката.
Јаболкото го лупиме и го сецкаме на тенки листови.
Состојките ги ставаме во чинија, ги полеваме со сок од лимон и маслиново масло.
Згора ги ставаме сецканите бадеми.
Салатата е готова.
На здравје!