СОСТОЈКИ:
1 кг бисквити
1 л јогурт
250 гр шеќер
банани
1 кесичка шлаг
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Бисквитите издробете ги, додајте шеќер во прав и прелијте сè со јогурт.
Оставете половина час да отстои за бисквитите добро да го впијат јогуртот.
Обликувајте ја масата по желба и преку ставете банани исечкани на кругови (или некое друго овошје по желба) и од горе распоредете разматен шлаг.
Оставете да отстои неколку часа во фрижидер и послужете.