Цените на акциите на Волстрит во средата го забележаа најголемиот дневен пад во изминатите три месеци, бидејќи инвеститорите ги обесхрабри можност американската централна банка да ја намали или укине програмата за купување на обврзници.Индексот Dow Jones ослабна за 0,77 отсто, на 13.927 поени, индексот S&P 500 потона за 1,24 отсто, на 1.511 поени, додека индексот Nasdaq беше во минус за 1,53 проценти, на 3.164 индексни поени.Најголемиот дневен пад на S&P 500 од ноември минатата година уследи по објавата на записникот од седницата на Фед, кој покажа дека одделни челници на американската централна банка се загрижени поради трошоците за купување на државни и хипотекарни обврзници, па би можеле да ја намалат или целосно укинат оваа програма.Квантитативното олабавување на монетарната политика Фед го воведе во 2008 година со цел да ја сузбие финансиската криза и да ја извлече економијата од репресија. Тоа поттикна раст на цените на акциите на берзите, бидејќи се вбризгаа свежи пари на финансиските пазари, што предизвика падна каматите и поттикнување на кредитирањето.Минатата година Фед порача дека ќе ја спроведува оваа програма се додека стапката на невработеност значително не падна, но се чини дека во врвот на централната банка има се повеќе противници на постојаното печатење на свежи пари.Најмногу вчера паднаа акциите на градежниот сектор, по слабите квартални деловни резултат на Toll Brothers, една од најголемите американски градежни компании и поради податоците за падот на бројот на започната градба на куќи во САД. Индексот на градежниот сектор се намали за 6,7 отсто.Енергетскиот сектор ослабна за 2,1 отсто, што е последица на падот на цената на нафтата за два отсто и на послабите од очекуваните резултати на неколку помали нафтени компании.
МакфаксЦените на акциите на Волстрит во средата го забележаа најголемиот дневен пад во изминатите три месеци, бидејќи и