Почина осуденик во КПУ Затвор Штип.
Информацијата ја потврди и директорот Мики Тодоров, кој вели дека станува збор за повозрасно лице.
Лицето вчера со возило на Брза помош било пренесено на клиничката болница на Штип на интерно одделение, каде останало неколку часа.
Утрово истото било отпуштено од болница, но само што стигнал во затворот починал.
За ова биле известени и Итната медицинска помош која констатирала смрт, а за настанот е известено и ОЈО од каде според сите документи со кои располагаат, не е донесена одлука за обдукција.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.