Белорусинката Арина Сабаленка, во моментов втората тенисерката во светот, се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос, откако ја победи Шпанката Паула Бадоса со 7:5, 6:1 во третото коло на Гранд слем турнирот во Париз.
Бадоса, не така одамна вториот женски рекет во светот, а денес само 139-ти на ВТА ранг-листата, ѝ се закани на Белорусинката и поведе со 5-3 во првиот сет. Во тој момент започна клучната серија на Сабаленка, која освои дури осум гема во низа. Поведе со 7-5, 4-0 и така ја разби противничката.
Во осминафиналето Сабаленка ќе игра против победничката од мечот меѓу двете Американки, Медисон Кис и Ема Наваро.
Меѓу шеснаесетте најдобри се пласираше и четвртата носителка Елена Рибакина од Казахстан, која лесно со 6-4, 6-2 ја совлада белгијката Елизе Мертенс, додека во осминафиналето е и Французинката Варвара Грачева откако со 7-5 и 6-2 ја победи против искусната Романка Ирина Камели Бегу.