Температурите деновиве го достигнуваат својот максимум и бидејќи ова екстремно затоплување се случи одеднаш, нашата неподготвена кожа може да се оштети од сонцето. Сонцето на пладне е најдобро да се избегнува, но ако навистина се појават „опекотини на кожата“, една Американка нуди одлично решение што го открил нејзиниот лекар.
Синди Ален-Стјуарт од американската држава Тексас вели дека спасот го пронашла во – пена за бричење со додаток на ментол:
„Нанесете ја на местото каде што има изгореници и оставете на кожата. Ќе почувствувате како ја црпи топлината од кожата. По 30 минути пената ќе изгледа како да се стопила и ќе се исуши. Ќе почувствувате студ во делот каде имате изгореници, а тоа е добар знак“, рече Синди, која своето искуство го сподели на Фејсбук.