Отстранете го целулитот во неколку потези

Loading...

Само бидете упорни затоа што резултатите не можат да бидат видливи преку ноќ…
1. Вода
Пијте многу вода затоа што така го чистите организмот од токсини, но и ја хидрирате својата кожа одвнатре.
2. Хидрирајте ја кожата
Правилото е често и обилно. Кожата ќе ви остане здрава, мека и затегната, а таквата убава кожа помалку ќе покаже целулит.
3. Детоксикација
Добрата диета за чистење на организмот е уште еден од начините за решавање на целулитот. Јадете многу свежо овошје и зеленчук, цели житарки и пијте многу вода. Кога нашето тело ќе се исчисти од конзервансите и хемикалиите целулитот може да стане помалку видлив.
4. Пилинг и маска од талог од кафе
За пилингот сè е јасно (масирајте ги бедрата со мали кружни движења 5 до 10 минути), а маската ќе ја направите на следниот начин. Измешајте талог од кафе со маслиново масло. Нанесете ја мешавината на бедрата, намотајте ги во пластични ќеси и потоа врз сето тоа ставете и ќебе. Клучно е нозете да бидат на топло и држете ја маската дваесеттина минути.
5. Ладен туш
Добар е за циркулација, а со самото тоа и за елиминација на целулитот. Не морате да се туширате во ладна вода, туку на крајот од туширањето префрлете, се на ладна вода и истуширајте се уште минута-две. Порите ќе ви се смалат, па поради тоа целулитот ќе биде помалку воочлив.
6. Четкање на кожата
И тоа особено сувото четкање на кожата е одлична борба против целулитот. Би требало да го правите тоа секој ден пред туширање или бањање. Чекањето стимулира циркулација, ги отстранува мртвите клетки од кожата и поттикнува раст на нови.

loading...