КРЕМЉ: СЕВЕРЕН ТЕК Е МОНСТРУОЗНО ИСПЛАНИРАНА АКЦИЈА

Портпаролот на Кремљ реагираше на веста објавена од весникот NewYork Times, која кажува дека американското разузнавање сугерира дека нападот на гасоводот „Северен тек“ го извршила проукраинска група.

„Американските функционери одбија да ја откријат природата на разузнавањето, како е добиена информацијата или какви било детали за силата на доказите што ги имаат. Тие рекоа дека нема цврсти заклучоци за тоа“, стоеше во објавата на весникот.

Дмитриј Песков се прашува како американските власти можат да кажат нешто за наводен „терористички“ напад без да спроведат истрага.

„Ова е координиран напад врз медиумите, очигледно целта на извршителите на нападот е да привлечат внимание“, изјави тој за РИА Новости.

Димитриј Песков
Тој потсети дека Русија се уште не смее да учествува во истрагата за која, како што тврди, Москва пред неколку дена добила известување од Копенхаген и Стокхолм.

„Не само што е чудно, мириса на монструозно злосторство“, заклучи тој.

Пронајдете не на следниве мрежи: