Очув од Делчево повеќе од една година вршел обљуба над малолетната ќерка на сопругата

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Делчево за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Со 61 глас „за“ Собранието ја изгласа интерпелацијата за Илире Дауити!
На почетокот на расправата за интерпелацијата на Даути, образложение за нејзиното поднесување од собраниската говорница даде пратеникот на Левица Сашко Јанчев, кој кажа дека претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија …
Гори! Путин веројатно останал шокиран кога го информирале за последниот потег на Зеленски: Дали е ова реално?!
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска оцени дека распоредувањето на воени контингенти на партнерските земји во Украина е едно од најдобрите алатки за принудување на Русија на мир.– Минатата година Франција ја претстави идејата за распоредување …

-Осомничениот, во периодот од летото 2022 година до 30.11.2023 година, во семејниот дом во Делчево, злоупотребувајќи ја својата положба како очув, во повеќе наврати вршел обљуба и други полови дејствија врз 15-годишно девојче, искористувајќи го моментот кога мајката на девојчето не била во домот, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, бидејќи постои опасност од бегство, можност тој да влијае врз сведоците или да ги прикрива трагите за извршеното дело, како и да го повтори делото.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.