Палачинки за кои сите ќе ве прашаат за рецепт: Трик кој помага тестото да остане меко и тенко

Тенки и меки палачинки кои се совршено испечени и полнети, без ризик да бидат цврсти или да се кинат, не се секогаш лесни за правење.
Мајсторите за правење на овој десерт секогаш користат кисела вода, а ова е рецепт за палачинки кои секогаш успеваат, тенки се како хартија и нема да се кинат.


СОСТОЈКИ:
5 јајца
500гр брашно
400мл кисела вода
1 лажичка шеќер
Малку сол
Подготовка:
Јајцата изматете ги со миксер да се запенат, па додајте брашно и кисела вода и продолжете со матење. Пред крајот на матењето додадете шеќер и сол, убаво измешајте и оставете ја смесата да отстои десетина минути.
Загрејте ја ринглата, ставете ја тавата без масло и оставете ја да отстои на ринглата триесет секунди. Потоа истурете малку масло во тавата, додадете ја смесата за палачинки со кутлача, рамномерно распоредете ја на тавата и печете како и обично.
Ставете фил по желба и уживајте.
Пријатно!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.