Палачинки со јаболка

Потребни состојки:
-2 јајца
-2 помали јаболка
-80 мл јогурт
-2 лажици масло
-1 ванилин шеќер
-1 лажичка прашок за пециво
-150 г брашно
-цимет по желба
-малку сок од лимон
-шеќер во прав

Начин на подготовка:
Излупете ги јаболката, ситно рендајте ги и додадете го сокот од лимон.
Белките изматете ги во цврст снег. Жолчките, јогуртот, ванилин шеќерот и јаболката измешајте ги рачно, па додадете брашно и цимет.
Потоа додадете го снегот од белки и лесно измешајте. Оставете смесата да мирува 15 минути.
Загрејте ја тавата и ставете малку масло за готвење, па една лажица од смесата. Палачинките пржете ги убаво да поруменат на двете страни.
Послужете ги со шеќер во прав и декорирајте по желба.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.