Палчо цело време добивал информации од истрагата: Зошто осомничениот за убиство наместо 20 часа патувал во Турција 3 дена!?

Долг е патот кој го минува Љупчо Палевски-Палчо од Скопје до турскиот Баликесир. Започнува кога не е ни осомничен, завршува со меѓународна потерница и негово апсење – прошарани со престои на повеќе места, контактирање, организирање.

Замина, се предомисли, се врати. Тоа го покажува неговиот пат на движење. Ако беше решен да стигне од Белград до Баликесир, без паузи, но со пократки застанувања на местата каде што престојуваше, тоа ќе го направеше за околу 20 часа. Но, всушност, патувањето му траело три дена, пишува порталот Скопје1.мк.

Русија и Венецуела преземаат чекори како одговор на замрзнувањето на имотот на Западот
 – Русија и Венецуела планираат да преземат чекори како одговор на замрзнувањето на нивните средства на Запад, изјави вчера рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.„Имаме свои …
Москва тајмс: Уапсените на собирите по повод смртта на Навални добија повик за војска
Неколку мажи, кои беа уапсени на собирите по повод смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во последните денови, добија повик за војска во Санкт Петербург, објави …

Македонските медиуми пишуваат дека Палчо точно знаел што се случува со истрагата во Македонија по првите апсења од страна на МВР пред да дознае јавноста. Министерот Оливер Спасовски веќе потврдил дека имал контакт со луѓе во Македонија, а најверојатно станува збор за лица кои биле членови на неговата партија „Десна“, го пренесува белградски Курир пишувањето на Скопје1.мк.

На 27 ноември, денот на исчезнувањето на Вања Ѓорѓевска , МВР го пронајде запалениот автомобил на Панче Жежовски, но не и исчезнатиот Велешанец.

Јавноста дозна за запалениот „цитроен“ со кој, според истрагата, Вања била киднапиран на 29 ноември. Во моментите кога Палчо оди во бегство нема статус на осомничен, што го потврди и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во четврток, на 30 ноември, за време на самитот на ОБСЕ, Палевски заминува од Македонија. Контактирал со својот адвокат за да го однесе во Белград. Му рекол дека оди на лекарски прегледи. Но и тогаш планирал следна можна дестинација да биде Турција, па, според адвокатот кој даде изјава за медиумите, истото му го соопштил. Адвокатот се вратил, Палчо останува во хостелот во близината на Правниот факултет во Белград. Тој ден остана на спиење во Белград во хостел каде ноќевањето чини 25 долари од вечер.

Следниот ден (1 декември, петок), додека во Македонија сè уште трае потрагата по Вања Ѓорѓевски, тој организира нова логистика за транспорт, и го повикува осомничениот Стефан Димковски, кој е во притвор поради сомнение дека му помогнал на Палевски да избега. Димковски заминува за Белград и доаѓа да го земе Палевски. Прво одат во Ниш, а од таму во Бугарија. Ја минуваат Софија и по магистралата преку Пловдив стигнуваат до границата на „Капитан Андреево“.

,Го однесов во болница“, многу штуро рече Димковски додека истиот беше транспортиран до Кривичниот суд каде му е одредена мерка притвор. Инаку, Палчо веќе подолго време им се жалел на сопартијците дека има хронични здравствени проблеми и дека треба да ги реши истите.

Во саботата (02.12), ден пред Обвинителството и МВР да соопштат дека Вања е пронајдeна мртва, Палевски се наоѓа во Турција. Истрагата ќе треба да покаже кој бил негова логистика во оваа земја и што разговарал и организирал таму!?

Македонија, како и целиот Балкан, беше во шок кога во неделата (3 декември) како бомба одекна веста дека Вања е пронајдена мртва и дека главен осомничен е Љупчо Палевски-Палчо. Заедничкото соопштение на МВР и Обвинителството беше објавено вечерта, но се шпекулира дека Палевски во текот на денот веќе знаел дека е осомничен бидејќи биле уапсени членови на неговата партија, за што имал информации. Во неделата само неколку минути пред првата прес конференцијата на Спасовски, како што беше ексклузивно објавено во емисијата Во Центар, Палевски преку апликацијата телеграм и со посредство на својот адвокат се слушнал со истражните органи кои тогаш се наоѓале во неговата семејна куќа.

Во понеделник (4 декември) се одржа прес-конференција на Спасовски и Бубевски на која ќе се пренесе информацијата дека Палевски не само што е осомничен, туку полицијата открила дека тој е креатор и извршител на две убиства. Тој, пак, според оперативните информации на МВР преку нивниот извор, оваа вест ја добил во Баликесир, Турција. Истиот ден во вечерните часови по него е распишана меѓународна потерница.

Последниот ден на слободата за Палевски е 5 декември (вторник). Кривичната пријава на повеќе од 100 страници е од МВР до Обвинителството. Палевски бил следен, откриено е дека тој се движел сам по автопатот, за што министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски посочи дека е обид да се симулира дека го напушта Баликесир.

За таа цел, како што соопшти МВР, ангажирал таксист и си заминал преправајќи се дека оди во Истанбул. Но, според истрагата, тоа не била намерата – туку да се осигура дека нема да биде следен и дека нема да биде фатен. Подоцна истиот ден, тој беше забележан како оди по автопатот. Тој беше уапсен тука.

Палевски е во екстрадиционен притвор. Македонија брзо ги подготви документите за барање негова екстрадиција. За еден ден Министерството за правда преведе над 100 страници документи меѓу кои и кривичната пријава на МВР со сите докази доставени до Обвинителството. Се очекува утре случајот да го преземат турските власти и да постапат по него.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.