ПАМЕТНИ И РАЗУМНИ! Ова се 5-те најмудри жени во Зодијакот!

Овие пет претставници на хороскопот ги краси внатрешен мир, искуство и разумност, кои со годините стануваат се поизразени.
Јарец
Карактерните особини и доблести како сериозноста, смиреноста и разумноста ја прават жената родена во знакот Јарец најмудар претставник на понежниот пол. Тие се воздржани – секогаш се однесуваат разумно и совесно, а кога е потребно знаат да донесат правилни одлуки. Никогаш не брзаат, ниту кога станува збор за работата, ниту за љубовните врски – никогаш не ги градат своите кариери и врски по краток пат, мирно го носат и прифаќаат она што им го носи животот. Тие не се плашат од судбината. И на крајот добиваат се што сакаат од животот, пишува „Атма“.
Водолија
Претставниците на овој хороскопски знак не само што се фасцинантни, туку ги краси природна мудрост. Жената Водолија има свое гледиште, но никогаш не им го наметнува на другите. Тие не се склони да мислат дека секогаш се во право. Ретко ќе видите Водолија да се расправа за банални ситници. Најчесто ги прифаќаат работите во животот такви какви што се и никогаш нема да се ни обидат да го променат партнерот.

Девица
Жените кои го претставуваат овој знак сосема разумно го прифаќаат животот. Жените Девици се полни со разбирање и трпение. Тие често се однесуваат набљудувачки во одредени животни ситуации – што на крајот им овозможува да видат и разберат многу работи. Девиците се карактеризираат со нивната мудрост и смиреност. Таа знае како да ги контролира сопствените емоции и покрај нејзината внатрешна сила се однесува многу нежно и женствено.
Бик
Ако ви треба мудар совет, особено за врските и односите, контактирајте со жена Бик. Жената Бик со задоволство го споделува своето искуство и знаење со другите. Ги краси внатрешен мир и добрина и полни се со топлина која великодушно ја споделуваат со околината. Оваа жена ќе му стане муза на својот маж затоа што секогаш ќе ги поддржува неговите амбиции и ќе биде сигурна потпора во неговиот живот. Секогаш знаат да дадат мудри совети.
Овен
Жените родени во Овен се многу одговорни и совесни. Тие го држат животот во свои раце. Тие се помирени со судбината и трпеливо, со крената глава, ги прифаќаат и се борат против сите неволји што им ги наметнува животот. Тие имаат тенденција да помагаат и да се грижат за другите. Жената Овен сака да го знае светот. Сака да чита книги и има хоби.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.