Состојки
20гр свеж квасец
2лажици шеќер
120мл топло млеко
120мл топла вода
120мл масло
120мл јогурт на собна температура
2 белки
80гр растопен путер
1лажица сол
Од 750 до 800 гр брашно
2 жолчки и 1лажица млеко за премачкување
Сусам и чурек за посипување
Подготовка:
1. Во вангличка се ставаат квасецот, шеќерот и топлото млеко. Се додава лажица брашно, се промешува и се оставаат да се активира квасецот.
2. Потоа во вангличката се додава топлата вода, јогурт, масло, путер и белки. Со вилушка убаво се соединуваат состојките. Постепено се додава брашно и сол. Се замесува меко тесто. Тестото е прекрасно за работа. Се покрива и се остава да се дуплира.
3. Потоа тестото го делиме на 10 топчиња. Со раце формираме лепињи. Ги редиме во плех.
Ги оставаме да нараснат 20 минути. Ги премачкуваме со жолчката и млекото и наросуваме сусам и чурек. Печеме околу 25 на 180с. Топли ги покриваме со чиста кујнска крпа да отстојат 10 минути.
Ги сервираме.