Партизан остана во игра за плеј-ин


Кошаркарите на Партизан ја победија Басконија во белградска „Арена“ со резултат 87:83 во натпреварот од 30. коло на Евролигата, со што ги соочуваат шансите да го освоја 10-то место, последното коешто води во доигрувањето.

Од оваа сезона, по примерот на американската НБА лига, Евролигата воведе плеј-ин, што им даде дополнителна шанса на екипите кои нема да го завршат лигашкиот дел меѓу најдобрите осум (деветти и десетти) на крајот да се пласираат во плеј-офот.

Тимот на деветтото место ќе игра против екипата на десеттото место во на свој терен а седмопласираниот ќе биде домаќин на осмопласираниот – две од четирите екипи ќе се пласираат во четвртфиналето.

Системот е таков што победникот од дуелот меѓу седмата и осмата екипа на табелата оди во плеј-офот, а поразениот добива уште една шанса – дома ќе игра со победникот од мечот меѓу деветтиот и десеттиот на табелата.

Партизан водеше од почетокот до крајот на натпреварот, но Басконија беше упорна а на крајот мечот влезе во неизвесна завршница. „Црно-белите„ неколкупати во текот на мечот имаа минимална двоцифрена предност, но гостите не се предаваа, па на крајот можеа да направат пресврт.

Партизан беше подобриот тим, но на крајот многу се измачи, па Басконија предводена од Маркус Хауард и со неговите шест последователни поени се врати во игра и се доближи на 85:83 на минута до крајот. Потоа на сцена стапи ПиЏеј Даужер, ја зеде топката и во последните секунди го реши нападот за 87:83. Басконија не одигра добар напад по тајм-аутот, па црно-белите можеа да слават победа.

Најефикасен во победничкиот тим беше Франк Камински со 20 поени, а имаше и по три скока и асистенции. Бруно Кабокло имаше „дабл-дабл“ со 18 поени и 13 скока, додека Кевин Пантер постигна 18 поени и шест асистенции. Кај Басконија, Хауард постигна 26 поени, а Мет Костело и Чима Монеке по 13.

Партизан сега е на 10-та позиција со скор 14-16 и направи важен чекор кон баражот. Басконија е место погоред со скор 16-14. Во следното коло Партизан му гостува на Реал, додека Басконија за противник го има Жалгирис.

На другите натпревари немаше изненадувања, бидејќи триумфот на Анадолу Ефес над Олимпијакос, иако турскиот тим одамна е далеку од врвот, не може да се нарече изненадување. Ефес победи со 85:72 и сочува некаква надеж за пласман до 10-та позиција, а истото го направи и Жалгирис, со триумф во Каунас против Виртус (96:81).

Реал се мачеше со Алба во Берлин – но на крајот сепаг актуелниот европски првак победи со 86:79. Макаби, пак, многу потешко од очекуваното, со пресврт во вториот дел, ја оправда улогата на фаворит против Асвел.

Резултати:
Ефес – Олимпијакос 85:72
Жалгирис – Виртус 96:81
Алба – Реал Мадрид 79:86
Макаби – Асвел 98:90
Партизан – Басконија 87:83

Петок
Фенербахче – Барселона (18:45 ч.)
Монако – Армани (19)
Црвена ѕвезда – Панатинаикос (20)
Валенсија – Баерн (20.30 ч.)

Пронајдете не на следниве мрежи: