Пендаровски: Политичка фатаморгана се тезите дека некој ќе ја промени преговарачката рамка или ќе направи подобар договор со Бугарија

„Тезите дека некој ќе ја промени преговарачката рамка и ќе направи подобар договор со Бугарија се политичка фатаморгана. Исто како ингениозната идеја дека Договорот со Бугарија ќе го почитуваат, но во замена Софија да го промени нивниот Устав“ рече претседателот Стево Пендаровски на прес-коференција најавувајќи ја своајта граѓанска кандидатура за втор мандат.

Тој додаде дека ако некој успее да го постигне тоа, јавно ќе му честита, но кажа дека не е реално, туку е барање оправдување за реалната блокада на нашите евроинтеграции која се прави за кревање на партиски рејтинг.

„Постојат кандидати кои се залагаат или најавуваат, или во минатото најавувале ревизија или поништување на Рамковниот, Преспанскиот или Договорот со Бугарија. Рамковниот ја исполни својата историска улога и ја засили, а не ја поткопа внатрешната кохезија на Македонија. Најмногу ради него станавме држава кандидат за членство во ЕУ. Преспанскиот договор го овозможи нашиот влез во НАТО, што е придобивка од аспект на безбедноста. Договорот со Бугарија не беше спорен три години, туку стана проблем кога Бугарија под притисок на својата стара комунистичка и националистичка гарда почна да измислува причини за блокада, кои во договорот ги нема“ рече Пендаровски.

Претседателот истакна дека очекува гласови од сите етнички заедници, бидејќи не може некој да стане претседател во земјава ако не е поддржан преку партиски и етнички линии.

Пронајдете не на следниве мрежи: