Доколку ги следите следните 5 правила, ќе имате совршен утрински старт со кој истовремено би можеле да дојдете до губење на посакуваните килограми.
Некои правила кои ги применуваме наутро можат да се одразат на процесот на губење килограми. Ова се дел од нив.
1. Внесете најмалку 8 грама влакна
Влакната ќе ве држат сити со часови, па нема да посегнете по грицки до ручекот. Затоа е важно појадокот да изобилува со влакна.
2. Појадувајте кога ќе се разбудите
Искористете го потенцијалот на организмот да согорува масти и јадете кога ќе станете или најдоцна еден час откако ќе се разбудите. На тој начин го поттикнувате метаболизмот и избегнувате напади на глад подоцна во денот.
3. Јадете повеќе протеини, помалку шеќер
Слатката храна можеби изгледа примамливо и идеално за прв оброк, но не е најдобар избор. Ваквата храна има повеќе калории, а дава помалку енергија. Затоа јадете намирници богати со протеини, како јајца и производи од брашно од житарки од цело зрно.
4. Водете сметка за величината на порцијата
Појадокот треба да биде доволно обилен за да ве засити, но не треба да претерувате. Во принцип не би требало да внесувате повеќе од 350 калории.
5. Никогаш не го прескокнувајте појадокот
Тоа не е добро решение ако сакате да ослабите. Квалитетниот појадок ќе ве засити, па во текот на денот ќе внесете помалку калории и нема да имате зголемен апетит, пишува Health Digest.