Печени овесни снегулки со банани и јаткасти плодови

2 банани
100 г овесни снегулки
150 мл млеко (кравјо, овесно, бадемово…)
150 мл вода
јаткасти плодови (бадеми, ореви, лешници…)
прстофат цимет
прстофат сол
Една банана изгмечете со виљушка, и додадете ги овесните снегулки, циметот и млекото. Потоа додадете ја водата, посолете и промешајте. Нанесете ја смесата во огноотпорен сад за печење.
Втората банана исечкајте ја на кругови, наредете ги во садот и наросете јаткасти плодови. Печете 20-30 минути на 180 степени или додека овесните снегулки не ја впијат целата течност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.