Потребни состојки:
-10 поголеми шампињони
-4 до 5 големи лажици козјо сирење
-100 г сланина
-една китка магдонос
-сол, зачини по желба
Начин на подготовка:
Исчистете ги печурките, сланината ситно исечкајте ја и ставете да се пржи во тава со масло. Магдоносот исто така ситно исечкајте го.
Во посебен сад измешајте ги сланината со сирењето, магдоносот и зачините.
Наполнете ги печурките и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени Целзиусови, околу 20 минути.