Лососот е одличен извор на протеини и треба да го вметнете во вашата редовна исхрана најмалку еднаш во неделата. Една порција лосос ќе ги задоволи вашите дневни потреби за витамините Б12 и Д, како и омега 3 киселини и антиоксиданси.
За денешниот ручек ви препорачуваме да подготвите лосос печен во рерна со лук, путер и лимон.
Овој рецепт е многу едноставен и брзо се приготвува. Комбинирајте го со зеленчук и ручекот е готов.
Потребните состојки и начинот на подготовка погледнете ги во видеото.