Совршен прилог со секаков вид месо!
Состојки Количина
шампињони 600 гр
праз 300 гр
лук 4 чешниња
Крем за готвење Моја Кравица
500 мл
Имлек полутврдо сирење 40 гр
Пармезан 2 лажици
бибер по вкус
сол по вкус
лук во прав 1 лажиче
масло по потреба
Како да се подготви
На масло пропржете сечкан лук и праз исечкан на коцки. Додадете ги сечканите печурки, па заедно динстајте додека не испари течноста што ја испуштаат печурките. Потоа додадете го кремот за готвење, сирењето и пармезанот, па додадете бибер и оставете се да се зготви и сосот малку да се згусне. Кон крајот на готвењето, додадете гранулиран лук и сол доколку е потребно.