Пивото е едно од најпопуларните и најстарите алкохолни пијалоци, а сето тоа не е без причина…
Во прашање е сосема природен и биолошки врамнотежн производ , па со право можеме да кажеме дека пивото се смета за течна храна. Енергетската вредност на еден литар пиво, одговара на енергетската вредност на еден литар полномасно млеко.
Во пивото уживаме поради неговиот уникатен вкус и арома, но освен на сетилата, пивото позитивно влијае и на нашата физичка состојба. Се разбира, под услов да се консумира умерено.
Дознајте ги петте придобивки кои пивото ги прави за здравјето:
Го намалува ризикот за болести на срцето
Истражувањата покажале дека умерената консумација на пиво го намалува ризикот од срцеви заболувања. Причината е едноставна: алкохолот го зголемува нивото на ХДЛ, односно холесеролот со што се намалува можноста за задебелување на артериите и загушување на крвта што може да претходи со срцев удар.
Богато е со витамин Б6
Оние кои пијат пиво имаат за 30% поголема количина витамин Б6 во крвта од оние кои не пијат пиво , а двојно повеќе од оние кои консумираат црвено вино.
Спречува создавање на камен во бубрезите
Создавањето камен во бубрег е намалено за 40% кај љубителите на пиво, за разлика од оние кои не пијат пиво. Ниедна научна студија сеуште не успеала да открие која состојка е заслужна за тоа, но без разлика, како и да е резултатот импресионира.
Го спречува стареењето на жените
Докажано е дека умерената консумација на алкохол помага да се задржи коскената густина и менталните способности кај постарите жени.
Спречува појава на рак
Хмељот содржи и ксантохумол, супстанца која уништува одредени ензими во телото кои предизвикуваат заболување од рак. Ксантохумолот моментално се тестира со цел да се дознае нешто повеќе околу лечењето на рак на простата и дебело црево.Пивото е едно од најпопуларните и најстарите алкохолни пијалоци, а сето тоа не е без причина…
Во прашање е с