Многу е важно да внесувате доволно течности во текот на денот, но не е сеедно кога ги пиеме, велат експертите.
Постои навика меѓу луѓето да пијат вода во текот на оброкот, меѓутоа експертите истакнуваат дека тоа може да биде некорисно, па дури и штетно за дигестивниот процес.
Водата има многу предности за нашето здравје – го поттикнува дигестивниот систем, ја одржува хидратацијата на кожата, помага во процесот на слабеење и дава енергија. Се препорачува да внесувате најмалку по два литри вода во текот на денот за да го одржувате оптимално хидрирано телото. Меѓутоа, важно е да го одвоите внесувањето на водата од оброкот.
Експертите предупредуваат дека комбинацијата на вода со храна во текот на оброкот може да ги ублажи дигестивните ензими кои се клучни за варење на храната.
Тоа може да резултира со лошо варење на храната и проблеми со истото, вклучувајќи опстипација. Покрај тоа, пиењето вода во текот на јадењето храна може да предизвика пораст на нивото на инсулин, што го зголемува ризикот од складирање на масти во телото и може да доведе до гојазност.
Експертите предупредуваат водата да се консумира половина час пред јадење и најмалку еден час по јадењето за да се избегнат потенцијалните проблеми со варењето. Доколку се чувствувате непријатно додека јадете и сакате да се напиете вода, подобро е тоа да го правите постепено, во мали количини, наместо да пиете поголема количина вода во текот на оброкот. Овој пристап може да помогне да се зачува ефикасното варење на храната и доброто здравје.