Доколку не сте сигурни колку вода внесувате во текот на денот, решете го тестот што го објави Американската национална академија за медицина.
Сè што треба да направите е да ја повлечете кожата на задниот дел од раката со помош на палецот и показалецот. Држете неколку секунди и отпуштете ја. Ако кожата веднаш по пуштањето се врати назад, тоа е знак дека сте доволно хидрирани. Во спротивно, кожата покажува дека треба да го зголемите внесот на вода.
Според американските експерти, еластичната напнатост на ткивото ја открива еластичноста на кожата, како и нејзината способност да ја менува формата и да се врати во нормална состојба.
Кожата со нормална напнатост може веднаш да ја промени формата, додека на кожата со слаба напнатост и треба време да се врати во нормална состојба.
Покрај овој тест, уште еден показател за хидратација може да биде бојата на вашата урина.
Доколку е проѕирна и без мирис, вашиот внес на вода е задоволителен. Ако е темно жолта или има силен мирис, треба да го зголемите внесот што е можно поскоро.