Пилав по оригинален турски рецепт

3 чаши ориз (250 мл) Балдо
3 супени лажици путер
3 чаши вода или бистра пилешка супа
2 лажички сол
мелен црн пипер
Во цедалка исплакнете го оризот со студена вода. Ставете го во длабок сад, прелијте го со жешка солена вода и оставете го да се излади. Повторно исплакнете го (водата треба да се избистри) и исцедете го.
Во тенџере на оган растопете го путерот, додадете го оризот и непреконато мешајќи пржете го 2-3 минути. Додадете ја супата или водата во тенџерето, оставете да зоврие и покријте со капак. Потоа намалете го огнот и без мешање крчкајте на пониска температура 10-15 минути. Откако оризот ќе ја впие целата течност посолете и по вкус зачинете со црн пипер.
Тргнете го тенџерето од оган и отстранете го капакот. Ставете чиста кујнска крпа над тенџерето и повторно покријте со капакот. Оставете пилавот да се „спари“ 5 – 10 минути и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.