Пилешка летна чорба со тиквичка и морков

1 кесичка пилешка супа
1 тиквичка
1 морков
1 корен од целер
1 главица кромид
1 1/5 литар вода
1 јајце
100 мл јогурт
сечкан магдонос
сок од 1/2 лимон
кубети
масло
сол и мелен црн пипер
На загреано масло запржете ги исечканиот кромид, морков, целер. Ја додаваме ренданата тиквичка и запржуваме уште 1-2 минути. Налеваме вода, посолуваме и наросуваме црн пипер. Оставаме да проврие на умерен оган и го миксаме зеленчукот. Ја додаваме и супата од кесичката,
вариме 5-6 минути и тргаме од оган.
Во длабок сад ги соединуваме јогуртот, јајцето, сечканиот магдонос и сокот од лимон, и во танок млаз ги додаваме во тенџерето, непрекинато мешајќи. Сервираме со кубетите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.