Пилешки ролат со пиперки и кашкавал

Јадењата со виткано месо се брзи и лесни за подготовка. За овој рецепт потребно ви е пилешко месо, зеленчук и кашкавал.
Потребни состојки:
-4 пилешки шницли
-2 јајца
-100 г кашкавал
-3 црвени свежи пиперки
-2 домати
-кромид
-масло, лебни трошки или брашно
-сув зачин
-сол, црн бибер
Начин на подготовка:
Кромидот исечете го ситно, па попржете го со пиперките околу 5 минути. Потоа додадете ги излупените и исечени домати, добро испржете, посолете и зачинете.
Шницлите убаво истолчете ги или исечете ги на повеќе места со нож. Потоа зачинете ги со сув зачин и бибер. На секоја шницла распоредете од смесата со пиперките, па изрендајте врз нив од кашкавалот.
Свиткајте ги како ролат и полека премачкајте ги во брашно, јајца па на крај во лебни трошки. Ставете ги во сад за печење, претходно намачкан со масло. Печете на 190 степени околу 35 минути, додека не порумени.
Послужете со пире и салата по желба.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.