Пилешки гради од кои ќе ви дојде вода на уста.
Состојки:
600 гр пилешки гради
150 гр јогурт
2 компири
1 сноп пролетен кромид
5 печурки
50 мл маслиново масло
лук со, бибер, миризлив пипер
1 лажичка сенф
Подготовка:
Исечете ги пилешките гради со остар нож, така што засеците одат дијагонално едни над други – како да сте сечеле баклава. Изматете го јогуртот со зачини, лук и масло и натопете го секое парче пилешко така што да биде богато покриено со овој сос. Покријте го садот со фолија и оставете го месото во фрижидер еден час.
Излупете тиква, изрендајте ја и исечете ја на парчиња. Зачинете со сол, додадете сецкан кромид и посипете со сецкани печурки.
Сега наредете го пилешкото зеленчук, прелијте го со преостанатиот сос и печете го во рерна на 180С околу 40 минути.
По желба, може да посипете со малку рендано сирење пред сервирање.