За подготовка на овој вкусен оброк потребен ви е околу половина час.
Состојки:
Лажица маслиново масло
20 гр. путер
Четири помали парчиња пилешко филе
Две чешниња лук
80 гр. сушени домати
80 милилитри бело вино
250 мл. павлака за готвење
125 мл. пилешки бујон
60 гр. спанаќ
Малку свеж бсилок
Начин на подготовка:
Загрејте го маслото и путерот во тавче, па додајте го пилешкото и ставете зачини по желба. Пржете пет минути од секоја страна на средна температура. Префрлете го пилешкото во чинија и покријте го за да не се излади.
Во меѓувреме, во длабока тава додајте лук, пропржете го околу една минута, додајте го доматот и промешајте. Додајте вино и пржете 1 минута додека да испари, а потоа додајте павлака и пилешки бујон. Вратете го пилешкото во тава и оставете да се пржи во сосот околу пет минути, па додајте спанаќ и измешајте. Додајте сол и бибер по желба, па на крај посипете исецкан свеж босилек.