Пирошки како од пекара! Не можете да погрешите со овој рецепт- НАЈВАЖНО Е ДА ГИ ПОКРИЕТЕ СО КРПА и да ги оставите да стојат на топло место!

Вкусни и меки пирошки, идеални за појадок или вечера
СОСТОЈКИ:
200 гр пченкарно брашно
400 гр пченично брашно
1 дл млака вода
1,5 дл јогурт
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
1 ќесичка прашок за пециво
15 гр свеж квасец
150 гр сирење
2 јајца
масло за пржење по потреба
ПОДГОТОВКА:
Измешајте ги двата вида брашно, а потоа додадете прашок за пециво. Растворете го квасецот со шеќер во малку млака вода. Оставете да стаса, а потоа додадете јогурт, јајца и сирење. Измешајте сè заедно, па додадете ја смесата со брашно и измесете сè добро за да добиете мазно тесто.
Покријте го со крпа и оставете го да се удвои. Потоа истегнете го во правоаголна кора и пресечете ја на правоаголници со димензии 8 × 2 см.
Загрејте го маслото добро, а потоа спуштете ја секоја пирошка и добро пропржете од сите страни.
Ставете ги на кујнска хартија да се исцеди вишок маснотии, а потоа сервирајте.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.