Денеска ви претставуваме одлична идеја за брз појадок или вечера во која со сигурност ќе уживате.
Потребни состојки:
– неколку кришки стар леб
– 4 јајца
– 30 мл. масло за јадење
– 1 чаша јогурт (180 гр.)
– сол и црвен пипер
– малку спанаќ
– фета сирење
– кашкавал
Начин на припрема:
Изматете ги јајцата, а потоа додајте го маслото за јадење, јогуртот, солта, црвениот пипер и спанаќот. По секое додавање, промешајте со лажица.
Подмачкајте ја тавата, наредете го лебот на дното (покријте ја целата тава) и прелијте со смесата од јајца. Одозгора ставете ги парчињата фета и печете во рерна на 180 Целзиусови степени, околу 25 минути.
Извадете ја питата, изрендајте кашкавал и вратете ја да се пече уште 5 минути.