Пита со зелје и сирење

Потребни состојки:
Кори за пита
400 г зелје
200 г фета
2 главици кромид
1 лажичка бибер
1 лажичка зачин по желба
Масло
Начин на подготовка:
Зелјето и кромидот исчистете ги и исечкајте ги. Пропржете го кромидот, додајте зелје и зачинете по вкус. Додајте и сирење, па промешајте.
Корите распоредете ги во тава за печење и рамномерно распоредете го филот. Печете во рерна на 200 степени околу 35-45 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.