Пита со компири

1 чаша(200мл) млеко
1 чаша јогурт
1 чаша масло
малку сол
20 г квасец
по потреба брашно
ФИЛ
5 средни компири
1 главица кромид
3 лажица масло
1 лажица доматно пире
1 лажичка црвен пипер
сол и мелен црн пипер
ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ
1 јајце
1 лажица јогурт
малку сусам
Ги вариме компирите, ги лупиме и со виљушка ги гмечиме. Кромидот го сечкаме и го попржуваме на маслото. Ги додаваме компирите, зачините, доматното пире. Промешуваме и го тргаме филот од оган.
Во млако млеко го размешуваме квасецот. Додаваме сол, јогурт, масло и брашно, и замесуваме мазно тесто. Го делиме на 8 парчиња, формираме топчиња и ги оставаме 10 минути да отстојат. Потоа секое топче го расукуваме во кора и го попрскуваме со малку масло. На еден крај ставаме од филот, виткаме ролат и го свиткуваме во круг (како полжав). Го ставаме на средина на намрсена тркалезна тава. На истиот начин од сите топчира формираме ролати и во круг ги редиме во тавата.
Готовата пита ја премачкуваме со разматено јајце со јогурт и ја наросуваме со сусам. Печеме 40 минути на 200 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.