Состојки:
400 гр брашно
350 гр малини
200 гр стопен путер
400 гр шеќер во прав
две жолчки
сок од еден лимон
100 гр мелени ореви
малку сечкани бадеми
Подготовка:
Растопете го путерот и изматете го со шеќерот во прав. Додадете ги жолчката и сокот од лимон, па продолжете со матењето.
Во смесата додадете брашно и јаткасти плодови, па измешајте со лажица. Половина од тестото истурете го во претходно подмачкана тава и малку притиснете со раката.
Над тестото се ставаат малини и се рони остатокот од тестото врз малините.
Се пече на 180 степени околу 40 минути. Готовата пита посипете ја со сечканите бадеми и послужете ја со топка сладолед.