Пита со пилешко во сос од павлака

Потребни состојки:
400-500 г пилешки стек
1 пакување смрзнат зеленчук
500 мл павлака за готвење
100 г кашкавал
Сол, бибер и лук во прав
6-7 кори за пита


Начин на подготовка:
Исечете го месото на ситни коцки, посолете и пропржете го. Откако ќе се испржи, додајте го зеленчукот и динстајте околу 10-15 минути.
Вклучете ја рерната на 200 степени. Обложете го тавчето со кори за пита. Истурете ја смесата од тавчето и покријте со корите. Преклопете за да не испаднат состојките. Прелијте со павлака за готвење во која ќе ставите измрендан кашкавал и лук. Печете 30 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.