Понекогаш обврските ни се „прикачуваат“ на вратот уште од рано наутро и немаме време премногу да размислуваме за подготовката на храната.
Затоа „мрзливите домаќинки“ често им прават услуга на оние премногу вредните домаќинки со тоа што смислуваат брзи рецепти . Ова е рецепт за пита со сирење без кори, а тајната е паметно да ги соединиме состојките што ги имаме во кујната.
- Како да ги изгубите вишокот килограми на здрав начин?
- Полициски хеликоптер исфрли повеќе од 50 тони вода врз пожарите во Јажинце и Лојане
- ДА ГО НАПРАВИТЕ СОНЧАЊЕТО ЛЕКОВИТО Еве како да апсорбирате што повеќе витамин Д
- (Фото) Полициски сили вечерва го обезбедуваат Кочани
- (Видео) МВР не им дозволи на граѓаните од други градови да влезат во Кочани за „Маршот за ангелите“
- Одговорите на овие 5 прашања ќе ви помогнат да ја пронајдете СРЕЌАТА
- Левица: Денешната неуспешна вонредна седница за измена на Изборниот законик е уште еден политички циркус во режија на ДПМНЕ
- Поради пожар затворен е патот Македонски Брод-Скопје
- Меланија му пиша на Путин: Трамп му го предаде писмото
Состојки за пита:
4 јајца
200 гр сирење
малку сол
3 дл јогурт – една шолја
половина чаша кисела вода
300 гр брашно
1 кесичка прашок за пециво
сирење
Подготовка на питата:
Рецептот е сличен на оној за макарони и сирење.
Скршете ги јајцата во сад и изматете ги. Потоа додадете малку сол во нив, а потоа сирење.
Во таа смеса додадете јогурт и кисела вода и измешајте. Додадете јогурт и минерална вода и повторно измешајте.
Додека ги додавате брашното и прашокот за печиво, изматете ја смесата. Кога ќе добиете густа смеса, можете да додадете малку шунка.
Вклучете ја рерната да се загрее помеѓу 180 и 200 степени.
Садот за печење премачкајте го со масло, па истурете ја смесата во него.
Печете во рерна 35 минути, а 3 минути пред да ја извадите питата премачкајте ја со сирењето и вратете ја во рерна да се растопи.
Пријатен апетит!
Пронајдете не на следниве мрежи: